Полицијата влезе во домот на млад штипјанец - му пронајде дрога
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип вчера, во 17.25 часот, во Штип, го лишиле од слобода штипјанецот С.Д.(29). При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја, информираат од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
29.11.2024 - 10:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа