Полицијата влезе во домот на двајца скопјани - Веднаш ги приведе

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија до Основното јавно обвинителство Скопје  поднесе кривичнa пријавa против М.Д.(39) и И.К.(35), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај М.Д. при што била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден околу 21 часот на ул.„Ѓорѓи Капчев“ полициски службеници извршиле претрес кај И.К. при што пронашле и одзеле марихуана и други предмети.

Двајцата пријавени се приведени во полициска станица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега