Полицијата влезе во дом во Арачиново- во фиока во шупата чувал рачна бомба

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

При претрес на домот на осомничениот во Арачиново, на 18 октомври, во фиока во плакар кој се наоѓал во шупата, била пронајдена експлозивна направа – рачна бомба модел Ф1.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител му предложи на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје да определи мерка притовр за осомниченото лице.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2019 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа