Полицијата вчера имала полни раце работа: Фатени 11 лица кои со себе носеле дрога

Полицијата вчера имала полни раце работа: Фатени 11 лица кои со себе носеле дрога

Вкупно 11 лица биле уапсени вчера во седум различни инциденти поради носење дрога со себе.

Како што соопшти полицијата, три лица од Штип со себе имале околу еден килограм марихуана.

о 17.00 часот во атар на с.Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода С.И.(27), К.М.(25) и И.И.(28), сите од Штип, затоа што кај нив била пронајдена околу еден килограм марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.

Во Тетово во два слуачи приведени се три лица, од кои едното било малолетно.

о 21.35 Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(21) и еден малолетник, двајцата од Тетово, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и нож. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Во 01.00 часот на ул.„Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(24) од с.Јеловјане, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата..  

И во главниот град полициските службеници на два пати апселе лица кои со себе прашкаста материја.

о 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во 00.50 часот на ул.„Аминта Трети“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.С.(43) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.

Со прашкаста материја бил фатен и 54-годишник од Куманово.

о 11.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.И.(54) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

33-годишник од селото Здуње, гостиварско исто така бил фатен со прашкаста материја.

Во 22.00 часот во с.Дебреше, гостиварско, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишија од слобода Ѓ.М.(33) од с.Здуње, гостиварско и А.Б.(31) од Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во полицискиот билтен.

23.10.2021 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега