Полицијата упадна во ноќните клубови - пронајдена дрога, има и приведени лица

 

Синоќа во периодот од 12 по поноќ до 4 часот утрото, полицијата во координација со Управата за јавни приходи спроведе акциска контрола во повеќе угостителски објекти на територијата на целата држава, како и контроли на лица и патнички возила.

При контролата, пред објект во Гевгелија кај Д.С. од Гевгелија била пронајдена марихуана, додека во угостителски објект во Скопје кај А.З. од Скопје бил пронајден кокаин.

Лицата се приведени, соопшти МВР.

Санкционирани се и пет лица поради непоседување на документи за лична идентификација.

01.10.2022 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа