Полицијата „улови“ криумчари на мигранти

Полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица денеска ги лишиле од слобода Б.К.(19) од с.Блаце, скопско и Х.С.(28) од с.Грушино, скопско. 
 
„Во возилото "бмв" со француски национални ознаки, кое го управувал Б.К., биле откриени 12 лица мигранти од Сирија. Во наведеното време, на наплатната станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање и продолжил со движење. Набргу било запрено возилото и тој се дал во бегство, но бил пронајден и лишен од слобода.Додека, Х.С. бил лишен од слобода затоа што со возило "мерцедес", кое го управувал, бил во улога на претходница“, соопшти МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додека мигрантите ќе бидат спроведени во прифатно- транзитен центар за понатамошна постапка.
03.10.2022 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа