Полицијата уапси момче од Арачиново - Го фатиле на дело

Момче од Арачиново падна во рацете на македонската полиција откако го фатија со мигранти.

Во 08.05 часот на местото викано „Костурник“, атар на селото Речица, кумановско, полициски службеници го привеле 21-годишниот И.А. од Арачиново.

При контрола на патничко моторно возило „рено еспејс“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал И.А., полициски службеници пронашле 15 лица мигранти од Бангладеш.

Возачот и мигрантите биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега