Полицијата уапси битолчанец – пронајдени калашников и пиштол во неговиот автомобил

Полицијата уапси 41-годишен жител на битолското село Жабени откако во неговиот автомобил биле пронајдени оружје и муниција.

-При преглед на патничко возило "ауди", кое го управувал, бил пронајден пиштол  "црвена застава" и рамка со 5 куршуми за истиот, а за кои не поседува соодветна дозвола за оружје. Врз основа на Наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Битола извршен е и претрес во неговиот дом, при што е пронајдена автоматска пушка, една рамка  и 15 куршуми за кои, исто така, не поседувал дозвола. Б.Б.е приведен во полициска станица, а за случајот е  известен Јавен обвинител, велат од МВР.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега