Вчера во 17:25 часот на локален пат во кичевското село Кнежино, лишено од слобода е 16 годишно момче од кичевското село Зајас.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од ОВР Кичево, сопреле патнички автомобил „Алфа Ромео“ со кичевски регистарски ознаки кое, тој го управувал и притоа констатирале дека истиот немал положено возачки испит односно дека, возилото го управувал без да поседува возачка дозвола.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило“.

Exit mobile version