Полицијата спаси маж од Миљацка: Направиле „ланец“ со рацете, па го извлекле од студената вода

Вистинка драма се одиграла попладнево  во Сараево откако 61- годишен маж паднал во реката Миљацка.

Имал среќа бидејќи во близина се наоѓале тројца полицајци кои без размислување и опрема, ризикувајќи го својот живот се симнале во студената вода, направиле ланец со рацете и го извлекле човекот од вода.

Во меѓувреме алармирана е и брзата помош која веднаш го згрижила повредениот.

Претходно од страна на граѓаните било донесено и ќебе, а засега не е познато како човекот паднал во реката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега