Масовна тепачка, напади врз сопруги, па дури и врз малолетно дете се дел од полицискиот извештај за изминатото деноноќие во Скопје.
Во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопско, пријави дека на 10.01.2026 во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била физичка нападната од нејзиниот сопруг К.Ј.(33), кој употребил тврд предмет, а притоа и упатувал ѝ закани со остар предмет. Претходно, според пријавеното, К.Ј. физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка.
Вчера во 09:20 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од Скопско, пријави дека во претходните денови неколку пати била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б. (48) од скопско, кој притоа и го оштетил мобилниот телефон и нејзиното патничко возило.
Додека пак завчера во 22:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Инџиково, Скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 62-годишната Ж.Т., Т.Т.(62) и Б.Т.(37) од една страна и С.Д.(43) и Д.Ј.(42) од друга страна, сите од с.Инџиково, кои притоа употребиле и тврди предмети.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

