Полицијата со ноќен радар „улови“ 261 возач

 

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во период од 18.00 до 00.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 261 возач.

„Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 170 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место“, соопштија од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

13.08.2022 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега