Полицијата со детали: Украдени 70.000 денари од пензионерка во Велес

 

Малолетник од Велес со уште едно момче ограбиле пензионерка од која украле 70.000 денари, информираше МВР.

Станува збор за 16 годишник, како и 22-годишниот Е.М., двајцата од Велес кои се приведени и против кои ќе бидат поднесени кривични пријави.

Според полицијата,разбојништвото се случило вчера околу 7.30 часот на улицата Вера Циривири во Велес. Двајцата влегле во куќата на Б.М.(68) од која со закана зеле ќесе во кое имало над 70.000 денари, по што побегнале.
Случајот бил пријавен во полицијата која по преземени мерки ги идентификувала и лишила од слобода двајцата арамии. Кај нив се пронајдени одземените пари и истите се вратени на оштетената.

 

 

 

10.11.2018 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега