Полицијата регистрираше 66 прекршувања на полициски час во изминатите 24 часа

Вкупно 66 лица во изминатите 24 часа ја прекршиле забраната за движење на територија на Македонија.

Според информациите на Курир, од нив едно лице е над 67 годишна возраст од Тетово, а три лица се под 18 години од кои две од Свети Николе и едно од Охрид. Останатите 62 лица ја прекршиле забраната за движење по 21 часот.

Од нив приведени се 37 лица, а четири се опоменати. За останатите се обработуваат податоците и против нив ќе бидат изречени соодветни мерки.

Од почетокот на воведувањето на забраната за движење до денеска, Министерството за внатрешни работи регистрирало прекршување на мерката од страна на 301 лице. Против сите лица ќе бидат поднесени кривични пријави по член 206.

За децата под 14 годишна возраст кои ја прекршиле забраната за движење во наведениот период, кривично ќе одговараат нивните родители.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега