Полицијата разби група која продавала лажни тестови за Ковид-19

Едно правно и две физички лица од Виница продавале несоодветни или лажни брзи тестови за откривање на присуство на Ковид 19. По добиени оперативни сознанија, полициски службеници од виничкото одделението на МВР извршиле претрес во дом и други простории кои ги користеле сомнителните лица, пренесува Сител.

Кај лицето В.П. биле пронајдени и одземени 7 ќеси со натпис Covid chek и едно шишенце со натпис Buffer. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство-изјави портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Лицата се сомничат дека сториле кривично дело „незаконско земање и користење на генетски и биолошки материјал“, за што е предвидена казна затвор од 2 години во нормални услови. Денеска започна и подготовка на теренот во штипска клиничка за поставување на 4 монтажни модули за прием на пациенти со Ковид 19. Секој од нив ќе биде со капациет за прием на 14 пациенти или вкупно 56 кревети.

Почнуваме со довод на сите оние инфраструктурни инсталации, водовод, канализација и електрично напојување, така што очекуваме во догледно време она што е наша обврска како локална самоуправа да го завршиме-изјави Јан Миланов, заменик градоначалник на Штип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега