Полицијата приведе криминалец за издржување казна затвор од осум ипол години

Полициски службеници на ул. „Мајка Тереза“ во Скопје го уапсиле 40-годишниот А.А. од Скопје.

 

А.А. бил баран по три централни потерници од Основен кривичен суд Скопје за издржување вкупна затворска казна од осум години и шест месеци за сторени кривични дела по член 378, член 206 и член 236 од Кривичниот законик, информираат од полицијата.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

17.05.2022 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега