Полицијата приведе крадец за издржување казна затвор од две години

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на 23.05.2022 го уапсиле 25-годишниот А.А. од с.Сарај, скопско.

Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

23.05.2022 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега