Полицијата прави парче во Скопје - Приведени три лица, меѓу нив и деца

 

Полицијата во Скопје вчера привела три лица, од кои двајца малолетници.

Во првиот случај, во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Рафаело Батино“ лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, кај кои била пронајдена марихуана и прашкаста материја. 

 Претходно, во 14.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Тодор Александров“  го лишиле од слобода 20-годишниот А.В. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега