Полицијата почна да апси поради пукотниците во Ѓорче Петров каде ранет беше полициски службеник

Две лица се приведени за пукањето во полициски службеник во скопско Ѓорче Петров, дознава Пресс24. Засега не се познати идентитетите на двајцата уапсени.

Неофицијално, полицаецот кој беше ранет при пукање од возило во движење е син на пораншениот реис на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.

Според официјалните информации од полицијата, тој самиот се упатил за да побара помош во Градската општа болница „8-ми Септември“.

-Околу 16,40 часот пријавено е дека во Скопје,на кружниот тек во населба Ѓорче Петров кај црквата Св.Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило "мерцедес", во кое бил полицискиот службеник З. Р.. Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември" за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа