Полицијата „навали“ и на возачите на мотоцикли, казнети се повеќе лица

Полицијата со својата засилена акциска контрола, не ги поштеди ниту возачите на мотоцикли. Вчерашниот ден е оној, во кој, возачите на мотоцикли „ги лапнаа“ големите казни за непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Во текот на вчерашниот ден (19.09.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 86 возачи. Од нив, 18 возеле без возачка дозвола, 51 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци“ –известија надлежните служби на Министерството за внатрешни работи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

20.09.2021 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега