Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли за поголема безбедност во сообраќајот. Според последните податоци, во изминатите десет дена сообраќајната полиција изрекла санкции за дури 238 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила.
Покрај пешаците, на удар на законот се најдоа и возачите на моторни возила. Дури 754 учесници во сообраќајот добија санкции поради неносење сигурносен појас, додека 43 мотоциклисти се казнети затоа што возеле без заштитен шлем (кацига). Од полицијата апелираат сите учесници, вклучително и возачите на електрични тротинети, каде исто така е регистриран прекршок, да бидат крајно одговорни.


