Полицијата на лозје затекнала маж од Свети Никол кој требало да седи во самоизолација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Б.Ц.(52) од с.Горобинци, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија".

Како што соопштуваат од МВР, на 3-ти месецов во 17.00 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот на лозје во атар на с.Горобинци, при што било утврдено дека не постапил според решение издадено од 02.07.2020 година, со кое му се одредува здравствен надзор и самоизолација во домашни услови во траење од 14 дена, со цел спречување на ширење на ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа