Шестмина возачи се лишени од слобода во текот на вчерашната вечер и ноќта поради возење под дејство на алкохол, при што тројца од нив предизвикале сообраќајни несреќи.
Најкритично било во Македонска Каменица, каде се регистрирани двајца возачи со екстремно високи нивоа на алкохол во крвта кои учествувале во судири. Едниот возел со 2,51 промили, а другиот со 2,44 промили.Сообраќајна несреќа под дејство на алкохол предизвикал и возач во Тетово.
Полицијата во Делчево, Чашка и Кавадарци, при редовни контроли, исклучила од сообраќај и привела уште тројца возачи кои управувале возила во пијана состојба.
Против сите ќе бидат поднесени пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Деталите за измерените промили и локациите се наведени во полицискиот билтен: „На 26.11.2025 околу 23:30 часот на магистралниот пат А3, на излез од Македонска Каменица… лишен од слобода М.П.(58)… по претходно случена сообраќајна несреќа… констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека во крвта има 2,51 промили алкохол. На 27.11.2025 во 00:05 часот на патот Македонска Каменица-с.Саса… лишен од слобода З.Г.(38)… по претходно случена сообраќајна несреќа… во крвта има 2,44 промили алкохол. На 26.11.2025 во 17:30 часот на ул.„В.С.Бато“ во Тетово… лишен од слобода Г.Б.(61)… по претходно случена сообраќајна несреќа…измерени 1,71 промили алкохол во крвта. Исто така, лишени од слобода се и Г.С.(56) од Делчево со 1,60 промили,Н.П.(38) од Градско (во Чашка) со 1,52 промили и Л.П.(55) од Кавадарци со 1,62 промили алкохол во крвта.“

