Полицијата ќе влегува во домовите и ќе растура Божиќни прослави - Британците запрепастени од новите мерки

Шефовите на британската полиција предупредиле дека полицајците ќе прекинуваат Божиќни прослави доколку се прекршат правилата за карантин.

Дејвид Џејмисон, комесар за полиција и криминал во Вест Мидландс, рекол дека полицајците ќе ги истражат извештаите за кршење на правилата во текот на празниците.

Вест Мидландс во моментов се наоѓа под ограничување ниво 2, што значи дека граѓаните од тоа подрачје не смеат да се гледаат со било кој кој не е од нивното домаќинство.

„Ако мислиме дека големи групи луѓе се собрале таму каде што не треба да бидат, тогаш полицијата ќе мора да интервенира. Ако повторно додеја до кршење на правилата, полицијата ќе реагира. Не е работа на полицијата да спречува луѓето да уживаат во Божиќ. Меѓутоа, ние сме тука да спроведуваме правила кои ги носи владата, а ако владата ги донесе, владата тоа мора да го објасни во јавноста“, рекол Џејмисон.

Додал и дека се плаши дека граѓанските немири би можеле да ескалираат во блиска иднина и дека ригорозните мерки најверојатно ќе ги натераат луѓето бурно да реагираат.

„Овде седиме на темпирана бомба. Се приближуваме многу брзо до нивото каде можевме да видиме експлозија на фрустрации и енергија. Работите се во многу заедници на ивица и не би било потребно да се поттикнат немири, нереди и хаос“, предупредил тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега