Полицијата казнува: 182 санкции за возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, информираат од МВР.
„Изречени се 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за користење мобилен телефон...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, се наведува во соопштението на МВР.
28.09.2022 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега