Полицијата казни 293 возачи на мотоцикли

Министерството за внатрешни работи (МВР) имаше засилена акција на територија на Република Македонија од 13.06.2022 до 19.06.2022 за санкционирање на возачите на мотоцикли.

Полицијата информира дека 163 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 69 возеле без возачка дозвола, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија од МВР.

20.06.2022 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега