Полицијата кај нив пронашла дрога - уапсени тројца скопјани

Тројца скопјани и двајца тетовчани биле уапсени во текот на вчерашниот ден откако полицијата кај нив пронашла дрога.

Вчера во 14:55 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Иван Аговски“ го лишиле од слобода С.Н.(40) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Попладнето во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ангел Димовски“ го лишиле од слобода Д.Т.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Десет минути по полноќ синоќа во тетовското село Теарце, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Р.(42) од с.Мала Речица, тетовско, и Д.С.(18) од Теарце, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Подоцна во 02:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кочо Рацин“ го лишиле од слобода Р.М.(39) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега