Полицијата извршила претрес во гаража во Струга - уапсена Албанка

 

По претходно добиена писмена наредба од судија на претходна постапка, вчера од страна на полициски службеници бил извршен претрес во гаража лоцирана на ул.„Македонска“, во Струга, која ја користела В.М.(51) од Корча, Република Албанија.

Притоа, пронајдени се и одземени 42 кутии тутун  „Virginia Original“, четири кутии со вкупно 43 ленти таблети „Exiptol Albendazole“ 600mg, осум стаклени шишиња со непозната течност и една пластична туба со непозната течност. Поради постоење основи на сомнение дека се работи за сторено казнено дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик, В.М. била лишена од слобода и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега