Полицијата изврши претрес во хотелска соба - најде марихуана кај млад битолчанец

На  01.10.2022 во 17.50 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.Ѓ.(28) од Битола. При извршен преглед во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја, а при претрес извршен во хотелска соба каде престојува, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

03.10.2022 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега