Полицијата и инспекциите со засилени контроли на угостителските објекти во Струмица

Полицијата заедно со државни пазарни и комунални инспектори за време на изминатиот викенд извршиле контрола во 26 угостителски објекти за почитување на одлуките и протоколите во врска со коронавирусот и притоа констатирале извршување на три кривични дела и повеќе прекршоци, информирааа денеска од СВР Струмица.

Ноќта меѓу петокот и саботата биле контролирани 22 угостелски објекти на подрачјето на општина Струмица. Во еден од угостителските објекти, е констатирано кривично дело за непостапување по здравствени прописи за време на епидемија, два прекршоци заради пуштање на гласна музика и присуство на малолетници по 24 часот.

Наредната ноќ полицијата и инспекторите контролирале четири угостителски објекти при што се констатирани две кривични дела за непочитување на здравствените прописи и прекршоци за пуштање гласна музика и прусуство на малолетници.

Од Секторот за внатрешни работи Струмица апелираат до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните да ги почитуваат препораките од Владата на Република Македонија и законските правила и прописи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.10.2020 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега