Полицијата го расчисти случајот со прободениот 26-годишен навивач во Градскиот парк - две лица заработија кривични

Полицијата до Јавното обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две момчиња на 24 и 18 годишна возраст поради „насилство“, но и „предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“. Станува збор збор за О.С (24) и А.Б (18) од Скопје. кои кон крајот на септември со нож прободеа 26-годишно момче во градскиот парк.

-Имено, кривичната пријава е поднесена за настан случен на ден 20.09.2020 година околу 00:15 часот кога А. Р. (припадник на навивачка група) додека бил со други лица во Градски парк бил нападнат од О.С. и А.Б. (припадници на навивачка група), а првопријавениот О.С. го нападнал со нож. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, а сторителите се приведени, се вели во полициското соопштение.

26-годишното момче кое беше прободено, итно било префрлено во приватна клиника поради тешки телесни повреди.

Инаку, полицијата го информирала ОЈО и за инцидентот во Ѓорче Петров кога навивачи скандираа навредлива содржина.

-Известувањето до ОЈО е поднесено во врска со настан случен на 13.09.2020 околу 14:50 часот, поточно непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија на Национална арена Тодор Проевски – Скопје, каде навивачи движејќи се кон арената извикувале навредувачки пораки со кои предизвикале национална омраза и нетрпеливост, како и настан случен на 19.09.2020 околу 15:00 часот непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу Ф.К. Македонија Ѓ.Петров и Ф.К. Вардар, на бул.Ѓорче Петров во Скопје, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2020 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа