Полицијата го пронашла во Дизниленд, се сокрил од коронавирусот

Полицијата на Флорида во затворениот Дизниленд уапсила маж кој на тропскиот остров во паркот си направил карантин.

Ричард МекГири од Албама е уапсен во „магичното кралство“ во Дизниленд кој поради епидемијата од коронавирусот е затворен за посетители од средината на март.

Мажот забележал дека обездувањето живее на „Дискавери островот“, кој е затворен за јавноста од 1990 година.

На полицијата и кажал дека не ги забележал безбедносните сили, кои го барале пешки, со брод и со хеликоптер, бидејќи спиел во една стара зграда.

Рекол и дека не знаел оти таа зона во која се движел има одредени правила, и покрај бројните знаци за забранет влез.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2020 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега