Полицијата го бара а тој пие кафе на сред село: Нови детали за убиството во тетовско

 

Убиецот кој синоќа ја застрела сопругата во куќата на нејзините родители и побегна утринава пиел кафе во село Лисец, пишува порталот Досие повикувајќи се на извори од терен. Според порталот тој од местото на убиството побегнал со совојот голф и дошол до село Палчиште, а потоа пешки заминал до родното село Лисец каде ја поминал ноќта. Утрината бил во локалната кафитерија и спокојно пиел кафе. Локалните жители го познаваат и велат дека работел во Ирак преку познатите програми на фримата Еколог од Тетово. Откако се вратил се однесувал чудно и невообичаено, па некои тврдат дека имал и психички проблеми.

Полицијата се уште го бара а утринава во билтенот пишуваше дека синоќа околу 22.35 часот на улица „Љуботенска“ во село Мала Речица, тетовско, А.К.(53) село Мала Речица со пиштол пукал во неговата сопруга Х.К.(52), по што таа починала. Подоцна, А.К. пукал и во возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое бил сопственикот Р.Џ.(50), а кое било паркирано на улица „179“ во Мала Речица, но не го повредил. Потоа А.К. побегнал со своето возило. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово. На двете места каде е пукано биле пронајдени и подигнати по две чаури калибар 7,62 мм.

 

 

 

15.10.2018 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега