Полицијата ги фатила со дрога - уапсени гостиварец и скопјанец

Гостиварец и скопјанец биле уапсени во две различни акции на полицијата, откако кај нив била пронајдена дрога.

„Вчера во 20:00 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода  В.А.(28) од с.Чегране, гостиварско, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. В.А. бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Н.К.(24) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега