Полицијата фатила скопјанец како врши тешка кражба во книжара

Полицијата во Скопје, вчера фатила крадец на дело, којшто извршувал нелегални дејствија во книжарница.

На 13.09.2021 во 14.45 часот во парк на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ во книжарница на ул„Ѓуро Стругар“ во Скопје“ – се вели во писменото соопштение на МВР.

Надлежните информираат дека во разговор со полициски службеници,виновникот ги признал делата. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

14.09.2021 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега