Полицијата фати тројца крадци од Свети Николе и Штип

Дваесет и двегодишниот Н.И. од Свети Николе е затекнат од страна на полицијата како врши кривично дело „тешка кражба“.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во пишано соопштение вели дека вчера полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Н.И.од Свети Николе затоа што бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ . По комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Штипски полициски службеници во друг случај вчера на магистралниот пат Велес-Штип, кај населбата Три Чешми, ги лишиле од слобода 42 годишниот Т.З.и 52 годишниот К.И., двајцата од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

По комплетирање и на овој случај против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега