Две ловни пушки, 59 куршуми и ловна опрема пронајде полицијата при контрола на патничко возило „мицубиши“ со австриски национални ознаки. Возилото било сопрено на местото викано „Корија“ во атарот на селото Рлевци, општина Чашка.

Иако двајцата велешани во возилото, 46-годишниот Е.Б. и 29-годишниот С.С., поседувале дозволи за носење на оружјето, тие немале дневна дозвола за лов.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“, Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против двајцата.

„СВР Велес поднесе кривична пријава против Е.Б. (46) и С.С. (29), двајцата од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,незаконит лов“. На 26.09.2025 на место викано „Корија“ во с.Рлевци-општина Чашка, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мицубиши“ со австриски национални ознаки, управувано од Е.Б. и сопатник С.С., при што во возилото биле пронајдени и одземени две ловни пушки, 59 куршуми со различен калибар, две дозволи за поседување и носење на оружје и разна ловна опрема, но не поседувале дневна дозвола за лов.“, велат од МВР.

Exit mobile version