Полицијата демне на скопските улици - Летаа казни за несовесни возачи

Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје на вчера од 6 до 24 часот спровело акција за откривање возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Во неа, казнети се 17 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени биле и 25 останати прекршоци, за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози, додека од 22 до 4 часот утрово се казнети и пијани возачи. 

Имено, казнети биле 12 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол.

Откриени биле и 26 останати прекршоци, за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2019 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега