Полицијата апсеше кај Бит Пазар

Три лица вчера биле уапсени кај Бит Пазар.

Во првиот случај во 20 часот и 30 минути полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар ги лишиле од слобода 23-годишниот С.Б. и 18-годишниот Ф.Ш. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. 

Потоа, 20 минути пред полноќ, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар, го лишиле од слобода 25-годишниот Б.С. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против нив е биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега