Полиција во Јужна Каролина разби забава со 2000 луѓе без маски

Властите во американската држава Јужна Каролина објавија дека ја прекинале забава, на која учествувале најмалку 2.000 лица, кои не се придржувале кон мерките на претпазливост за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Мајк ДеСума, портпарол на противпожарната служба на главниот град на Јужна Каролина, Колумбија, изјави дека собирот се случил во саботата во станбен комплекс за време на американски фудбалски натпревар на Универзитетот во Јужна Каролина.

Полицијата ја растурила забавата откако пожарникарите ја прогласија за непосредна опасност. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа