Полиција упаднала во тетовски ресторан: Уапсени 10 лица од кои пет се малолетнички

 

Десет лица, од кои пет малолетнички приведени во угостителски објект во Тетово.

Во периодот од 23.20 часот на 10.10 до 00.30 часот на 11.10.2020, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на ул.„Борче Кочовски“ во Тетово, сопственост на П.Д.(23) од Тетово.

Притоа, во објектот на една маса, со сопственикот биле затекнати уште девет лица, од кои пет малолетници, кои биле послужени со алкохолни пијалаци. Во присуство на Јавен обвинител, инспектор за малолетници и социјален работник биле извршени прегледи на сопственикот П.Д. и на М.М.(20), Д.Д.(18), А.Т.(21), С.Ј.(25) и пет малолетнички на возраст од 16 години, сите од Тетово, при што кај сопственикот била пронајдена прашкаста материја.

Во координација со Јавен обвинител сите 10 лица биле лишени од слобода, а биле известени и родителите-старателите на малолетничките. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2020 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа