Полиција изврши претрес во домот на гостиварец- пронајдено оружје и муниција

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, во содејство со ПО Чегране, во текот на вчерашниот ден извршиле претрес во домот на гостиварец, а при тоа нашле оружје и муниција.

Имено на 14.03.2019 во 6 часот и 45 минути извршиле претрес во домот и помошните простории на 42-годишниот Р. М. во гостиварското село Чајле. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајден е пиштол „Глок“ калибар 9 милиметри, што го поседувал со дозвола, ловечки карабин „Хајнел“ калибар 30-06 со дозвола на друго име и вкупно 136 куршуми од различни калибри. Непосредно пред тоа, во дворот од соседната куќа, пронајдени се два пиштоли „ЦЗ“ калибар 6,35 милиметри, револвер „Смит и Весон“ калибар 45 милиметри, нож со футрола, 5 куршуми и батериска лампа со полнач, а кои непознато лице ги фрлило од прозорец од куќата на Р. М. ( 42 ) додека  тој бил приведуван од полициските службеници, велат од МВР.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега