Полиција го спроведе Миле Јанакивски на суд

По барање на судијата Осман Шабани, обвинетиот Јанакиески, денеска на судењето за ,,Топлик", беше донесен со полиција. Поради повреда на ногата и хирушка операција, поранешниот министер за транспорт и врски, на судењето пристигна со ортопедски помагала.

За својата здравствена состојба, тој до судот доставил и медицинска експертиза. Одбраната на Јанакиески, на почеток од судењето побара од судијата Шабани, барем да го праша обвинетиот дали се чувствува добро, со оглед дека тој седи во средина на судницата со испружена нога поради повреда.

 

На денешното рочиште, судот ги одби сите дополнителни докази на одбраната, со што заврши доказната постапка и на 9 февруари, судењето продолжува со завршни зборови.

Во „Топлик“ осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште за изградба на проектот Сончев град.

24.01.2022 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега