Полицајците запрепастиле: Прослава на српско семејство се претворила во општа тепачка на 50 луѓе,

Дури 50 лица учествувале во големата тепачка во Виена откако членови на српско семејство се собрале на прослава во ресторан во австриската престолнина.

Поради големата тепачка австриската полиција реагирала со повеќе екипи кои на крајот уапсиле четири лица. До ескалацијата дошло после вербалните пресметки меѓу членовите на семејството кои имале ромски корени. По тешките зборови, следувала жестока физичка пресметка.

Во еден момент тепачката се преселила на улицата поради што интервенирала полицијата. Кога забележале дека 50 луѓе меѓусебно се тепаат, австриските полицајци повикале засилување од неколку екипи, ја блокирале улицата и ги уапсиле најагресивните

Точниот мотив за избивањето на тепачката од виенската полиција се уште го немаат откриено.

Српските медиуми потсетуваат дека минатата година дошло до сличен инцидент кој го предизвикала 21-годишна србинка. Билансот на таа тепачка бил три уапсени лица, тројца ранети полицајци и еден уништен полициски автомобил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега