Полицајци пукале во автомобил со скопски регистерски таблкички - две лица се здобиле со прострелни рани

 

Две лица се здобиле со прострелни рани откако полицијата пукала во возило на скопјанец.

-Утрово во околу 06:00 часот на крстосница од пат село Кравари – село Оптичари, поради постоење основано сомнение дека се превезуваат мигранти, полициски службеници од Полициска станица Меџитлија се обиделе да сопрат патничко возило „порше“, со скопски регистарски ознаки, но возачот се обидел да ги прегази, по што полициските службеници од огнено оружје испукале неколку истрели. Набрзо возилото запрело во близина на бензинска пумпа на влез во Битола, а во него бил затекнат возачот Ш.С., кој се здобил со две прострелни рани во нозете, додека во непосредна близина бил пронајден и еден мигрант со прострелна рана во едната нога. Повредените лица се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа