Полицајци од Тетово добиле закани во два инциденти

Два инцидента бележи вчера тетовската полиција во кои нивни службеници биле мета на закани за физички напад како и неовластено снимање.  Полициски службеник пријавил дека додека со возилото на неговиот другар Ф.И.(24) од Тетово  оделе заедно до полициската станица за на работа, вчера околу 19 часот на улица „107“ патничко возило им го попречило патот.

 

 -Во возилото било лицето С.А. заедно со татко му и уште еден човек, по што се обиделе физички да ги нападнат и им се заканувале. Потоа, според пријавеното, со возилото ги следеле до полициската станица Тетово. Лицата се повикани на разговор во полициска станица и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи и соодветен поднесок, соопшти денес СВР Тетово.

 

Во текот на вчерашниот ден на булевар „Илинденска“, полициски службеник од сообраќајната полиција неовластено бил сниман од М.Р.(34) од Тетово додека извршувал службени дејствија во врска со неговото погрешно паркирано возило „фолксваген пасат“ со косовски регистарски ознаки. М.Р. одбил да престане и  да ги избрише снимките од телефонот, по што бил лишен од слобода. Преземени се соодветни мерки, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега