Полицајци ќе дежураат пред КАРИЛ и Ургентен

 

Полицајци ќе дежураат пред КАРИЛ и пред Ургентен центар, по нападот што се случи на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, чии вработени деноноќно се борат за животите на најтешките пациенти.

– Најостро го осудуваме инцидентот врз вработената на КАРИЛ, како и секој друг вид на насилство – изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, пренесе Плусинфо.

Сестрата, која е на возраст од околу 30 години, освен физички, била и вербално нападната пред влезот од установата, а добила и закани по животот. Таа сега ќе биде на боледување, а поради претрпениот стрес ќе биде испратена и на психолошка проценка.

 

 

 

08.11.2018 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега