Полицаецот кој се уби себеси и љубовницата во Србија изработувал икони - зад себе остави 2 малолетни деца

Безживотни тела на маж и жена биле најдени утринава нешто после 09:00 часот во автомобил од марката „опел вектра“ на патот меѓу Батајница и Нова Пазова.

Полицијата се сомнева дека припадник на полицијата, Павле Р. со едно женско лице се разнел во автомобил. Возилото го пронашла полициска патрола на каллив пат меѓу грмуќки и дрва.

Како што пишуваат српските медиуми, постои сомнение дека мотивите за оваа трагедија се љубовни проблеми, а според неофицијални информации разнесената жена не е сопругата на Павле Р.

Полицијата во моментов извршува увид на лице место, после што ќе се знаат повеќе детали, како и околности под кои дошло до оваа трагедија.

Инаку, Павле Р. од Стара Пазова работел во новосадското одредиште на полицијата.

Во слободно време се занимавал со резбарење икони и гусли.

-Мојата прва изработка беше иконата на Свети Никола, славата која ја славиме, а после неа се редеа изработки една по друга...Сфатив дека како народ сме заспани и дека повеќе тежнееме кон материјалното, а дека истовремено забораваме кои сме - кажал Павле Р. во една изјава.

Тој зад себе оставил сопруга и две малолетни деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега