Полицаец во Скопје пукал со службениот пиштол на приватен настан

Дваесет и деветгодишен полицаец пукал со службениот пиштол на приватен настан.

Според информациите на МВР, ноќеска околу полноќ во полиција било пријавено дека на ул. Призренска се слушала гласна музика и истрели од огнено оружје.

По излегување на местото на настанот, од полициски службеници било констатирано дека Б.Т.(29) од Скопје, полициски службеник, од службениот пиштол испукал неколку пати во воздух.

За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола. На местото на настанот пронајдени биле чаури.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа