Полицаец усмрти пет колеги - крвав инцидент во Авганистан

Припадник на авганистанската полиција денеска уби петмина свои колеги во јужниот дел на земјата.

Напаѓачот побегнал од местото на нападот, земајќи со себе оружје и муниција. Според локален функционер во провинцијата Хелманд, убиецот е талибанец кој се инволвирал во полицијата.

Талибанските бунтовници презедоа одговорност за инцидентот, потврдувајќи дека полицаецот е нивни човек. 

ФОТО: Дневник

најчитано сега